Физички напади во Скопје, Куманово, Гостиварско, Струмица, Центар...

Во текот на вчерашниот ден во МВР биле пријавени повеќе физички напади што се случиле низ земјава, при што имало оштетено возило, одземен паричник, одземен мобилен телефон и пари. МВР работи на расчистување на сите случаи.

А.Н.(22) од Скопје вчера пријавил дека на 09.12.2020 околу 16.50 часот на крстосница од ул. „Македонско Косовска Бригада“ со ул. „Втора Македонска Бригада“ во Скопје бил физички нападнат од две лица и истите му го оштетиле негово возило.

Вчера во СВР Скопје, М.И.(33) од с.Батинци пријавила дека околу 10.15 часот во близина на маркет во с.Батинци по претходно случена сообраќајна незгода била физички нападната од Р.З. од с.Елово. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗПП-ЈРМ.

Г.Д.(41) од Куманово синоќа во СВР Куманово пријавила дека околу 19.15 часот во близина на продавница во Куманово нејзината 15-годишна ќерка била физички нападнатa од 15-годишен малолетник, исто така од Куманово.

Во Полициското одделение Ранковце завчера било пријавено дека на плоштад во с.Ранковце околу 22.50 часот дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Д.(34) од Крива Паланка, Д.С.(18) од с. Дрење и А.С.(20) од Крива Паланка, од една страна и Ф.Н.(23) од с. Радибуш, општина Ранковце и З.Т.(24) од с.Ранковце, од друга страна.

Во скопски Центар, пак, И.М. од Скопје пријавил дека околу 20 часот во близина на сендвичара две лица со закана од неговиот син одзеле паричник.

Исто така во Центар вчера бил нападнат Д.Б.(31) од Скопје. Го нападнале две лица со тврд предмет и му го одзеле мобилниот телефон.

Физички напд бил пријавен и во Полициско одделение Галате од С.Д.(43) од с.Врапчиште, кој додека бил заедно со неговите пријатели Џ.С.(47), С.И.(43) и Е.И.(50) сите од с.Врапчиште биле физички нападнати од повеќе лица.

Ф.М.(36) од Струмица пријавил дека на ул. Бетовенова во Струмица бил физички нападнат со метален предмет од Р.А. и С.А. при што му било оштетено и неговото возило.

Ноќеска после полноќ, пак, С.Ф.(45) од Тетово пријавил дека бил физички нападнат од едно лице.

 

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе