Физички напади во Скопје, Битола, Струмица, Тетово...

Во изминатите два дена во МВР се пријавцени повеќе физички напади што се случиле во повеќе градови во земјава.

Синоќа во СВР Скопје, А.Б.(44) од с.Љуботен пријавил дека околу 17.55 часот на ул.„Радишанска“ неговиот малолетен син бил физички нападнат од две лица, кои му одзеле пари.

Исто така синоќа, С.В.(45) од Скопје пријавил дека во 20.00 часот на ул.Женевска неговиот малолетен син бил физички нападнат од Д.М.(39) од Скопје.

Претходниот ден во Битола Ј.М.(55) и С.М.(26) и двајцата од Битола пријавиле дека околу 13.50 часот пред продавница на ул.Караорман во Битола по претходно недоразбирање биле физички нападнати од Р.Б.(56), С.Н.(43) и Ѓ.Р.(21) сите од Битола.

Вчера во СВР Струмица, Н.А.(40) од с.Баница, струмичко пријавил дека во с.Баница поради нерасчистени имотно-правни работи бил физички нападнат од неговиот брат П.Н. и внук Д.Н.

Утрово околу 2 часот во СВР Тетово, Б.А.(45) од с.Нераште пријавил дека додека бил на своето работно место како чувар во фабрика во Тетово бил физички нападнат од неколку лица, од кои дел познавал.

Во СВР Тетово исто така било пријавено дека околу 01.15 часот пред пекара на ул.„Благој Тоска“ малолетник од с.Теарце бил физички нападнат од Д.Н. и други лица.

МВР презема мерки за расчистување на сите случаи.

 

 

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе