Физички напади, тепачки и закани низ Скопје, Гостивар...

Вчера и во текот на минатата ноќ во Скопје и околината имало повеќе физички напади, тепачки меѓу малолетници, закани..., информира МВР.

Ноќеска после полноќ, В.С.(23) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 18.30 часот на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат со тврд предмет од Е.Н. и уште две лица.
Вчера попладне С.И.(40) од Скопје, пријавила дека на подрачјето на Бит Пазар нејзиниот син бил физички нападнат од Е.Е. и уште неколку лица.

Во друг случај, Ф.А.(34) од с.Старо Балдовци пријавил дека вчера околу 15.00 часот, во с.Старо Балдовци бил физички нападнат од А.Н, М.Н, Т.Н. и уште неколку други лица со тврди предмети.
Исто така вчера, О.А.(21) од Скопје, пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од неколку лица.
Во Гостивар на ул.“Мајор Чеде Филиповски“ синоќа дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка помеѓу шест лица од кои пет малолетници, сите од Гостивар и гостиварско каде бил употребен и тврд предмет.

Во Полициска станица Сарај, пак, М.М.(42) од с.Сарај, вчера пријавил дека истиот ден околу 14.00 часот во неговиот двор дошол соседот Ф.Н.(72) упатувајќи закани со остар предмет кон пријавителот и неговото семејство.

Синоќа во 1820 часот било пријавено дека на подрачјето на Аеродром С.Н.(24) и Љ.Д.(25) физички го нападнале М.Г.(36) од Скопје. По пристигнување на полициски службеници на местото на настанот С.Н. се однесувал агресивно кон нив, по што бил приведен во Полициската станица Аеродром.

Полицијата презема мерки за расчистување на сите пријавени случаи.

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе