Физички напади низ цела држава

Вчера, според билтенот на МВР, низ земјава се случиле повеќе физички напади, вклучувајќи и врз малолетници.

Синоќа во СВР Тетово било пријавено дека во село Мала Речица 16-годишник од Тетово бил физички нападнат од С.А.(57) и неговиот син Џ.А.(34) од с.Мала Речица. Двајцата напаѓачи биле приведени во полициска станица.

Ф.Д.(43) од Скопје пријавил дека во село Идризово бил физички нападнат од А.Р.(26) и М.Р.(54). Сочинети се записници за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.

Р.Д.(58) од Скопје синоќа пријавил дека на улицата „Анри Барбис“, во маркет во кој бил вработен, додека извршувал работни задачи, бил физички нападнат со шише од страна на З.К..

А.И.(38) од Скопје пак, пријавила дека на ул.„Орце Николов“ нејзината 16-годишна ќерка била физички нападната од непознато лице.

На ул.„Менделеева“ вчера Е.А.(24) од Скопје пријавил бил физички нападнат од Р.Џ.(52) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.

В.Ј.В.(48) од Скопје пријавила дека на базенот во С.Ц. „Борис Трајковски“ нејзиниот 15-годишен син бил физички нападнат од Ј.К.

Билочанецот Т.В. синоќа пријавил дека пред угостителски објект во Битола, по претходна расправија, бил физички нападнат од М.Т.

С.М.(47) од Прилеп вчера пријавил дека на Градскиот пазар бил физички нападнат од Б.Ш. и уште едно непознато лице.

Ноќеска, 20 минути по полноќ во Полициската станица Кавадарци Б.Н.(38) од Кавадарци пријавил дека во казино на ул.„Никола Минчев“ во Кавадарци бил физички нападнат од О.Н. од Кавадарци.

МВР работи на расчистување на сите физички напади.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе