Физички напади и тепачки

Во текот на изминатото деноноќие во повеќе места низ земјава се регистрирани серија тепачки и физички напади, по кои има и неколку приведени лица, како и кривични пријави, информира МВР.

Синоќа во с.Грчец, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.Р.(18) од с.Грчец. Тој се сомничи дека претходниот ден околу 21.00 часот во с.Сарај, скопско, по претходна вербална расправија, со остар предмет му нанел повреда на раката на Б.С.(20) од с.Грчец. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
М.Н.(32) од Скопјесиноќа пријавил во полиција дека околу 17.00 часот на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од Џ.Л.(27) и А.Ш.(27), двајцата од Скопје.
Во Полициската станица Ѓорче Петров исто така синоќа било пријавено дека во двор на подрачје на Ѓорче Петров, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.К.(44) и В.Е.(25), од една страна и И.К.(72), од друга страна, сите од Скопје.
СВР Штип поднесе кривична пријава против С.И.(61) од село Радање, општина Карбинци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 08.04.2022 во село Радање, С.И. по претходна расправија со тврд предмет му нанел тешки телесни повреди на С.Б..  
Во Полициската станица Валандово, З.Д.(57) од Валандово синоќа пријавил дека околу 18.10 часот на работно место во фабрика во Валандово бил физички нападнат од П.К.(62) од с.Костурино.
На 28.06.2022 во Полициското одделение Нов Дојран, М.Ј.(35) од Стар Дојран пријавил дека околу 11.50 часот пред угостителски објект во Стар Дојран, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две лица.

Полицијата презема мерки за расчистување на сите случаи.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе