Физичка пресметка во Кичево

Б.Т. (23) од Кичево утрово го нападнал неговиот сограѓанин и врсник М.К.(23). Тепачката, според полицијата, се случила на улицата „Крсте Мисирков".

Во Општата болница – Кичево на М.К. му се констатирани повреди, а по целосно документирање на случајот, полицијата против Б.Т. ќе поднесе и соодветна пријава.

Уште една физичка пресметка е регистрирана завчера во пладневните часови кога во угостителски објект на улицата „Маршал Тито" во Кичево три непознати женски лица го нападнале А.Б. (24) од кичевското село Грешница, вработен во локалот.
Полициската станица од Кичево презема мерки за пронаоѓање на напаѓачите, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе