Физички напад поврзан со локалните избори пријавен во Василево

Денеска во 12:30 часот В.М. (33) пријавила кривично дело насилство сторено од А.В. и С.А. двајцата од село Василево, соопштија од СВР Струмица. Според полицијата денеска околу 11 часот додека пријавителката заедно со уште неколку лица ги посетувала жителите на село Василево во рамките на изборната кампања за Локалните избори 2021, забележале дека подолго време се движело возило зад нив во кое имало две лица.

Кога пријавителката и лицата кои биле со неа влегле во дворното место на Б.И. од сeло Василево, во дворот влегле С.А. и А.В. и почнале да упатуват навреди и закани кон нив. Кога пријавителката го земала телефонот да повика полиција А.В. физички ја нападнал, а кога К.П. се обидел да ја заштити и тој бил физички нападнат од А.В., а С.А. се обидел да го удри К.П. но не го погодил, стои во информацијата од струмичката полиција.

Од СВР Струмица додавават бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчитување на настанот, по што ќе се следи соодветен поднесок до ОЈО Струмица.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе