На 08.03.2022 во 12.35 часот во Полициска станица Центар било пријавено дека од експозитура на банка на подрачје на Центар три лица со закана со оружје од вработените одземале пари, по што во близина на местото на настанот едно од лицата испукало еден куршум. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштуваат од МВР.
Кратко по оваа информација МВР официјално потврди дека се уапсени две лица осомничени за грабежот на експозитурата.