Тие биле затекнати при обид да извршат тешка кражба во фабрика за производство на марихуана на место викано „Добрава" во близина на село Сушица, струмичко.
Лицата биле задржани во Полициска станица Струмица, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица. По целосно расчистување на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.