Фатени тројца дрвократци

Вчера во атарот на гостиварско Србиново, во месноста Запоѓе, полицајци ги привеле А.Д. (40), Ш.Д. (35) од ова село и Б.С. (41) од Република Албанија откако биле затекнати како со моторна пила бесправно сечеле дабови дрва.

Тројцата биле задржани во полициската станица Гостивар, а одземена им е пилата и поголема количина дрва. Подоцна, албанскиот државјанин бил предаден во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реaдмисија за натамошна постапка затоа што го злоупотребил и туристичкиот престој на подрачјето.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе