Фатени шест тинејџери-мигранти во возило, приведени двајца скопјани

Во близина на клучката кај село Прдејци, на место викано „Борови“ еден час по полноќ полицијата во возило со скопски регистарски ознаки пронашла шест лица мигранти, пет од Сомалија и едно од Сирија. Лишени од слобода се двајца скопјани.

„На  23 јануари во 01.00  часот, во близина на клучката кај селото Прдејци, на место викано Борови, полициски службеници запреле патничко возило „сеат  кордоба“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С. (25) од Скопје, а совозач бил А.И. (33) од Скопје. При пrеглед во возилото биле пронајдени шест лица мигранти и тоа С.М. (16), M.A. (16), A.Х. (16), Р.М. (15), Х.И. (14), сите од Сомалија и A.K.A. (17) од Сирија“, соопшти МВР.

Лицата С.С. и А.И. биле лишени од слобода и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Mигрантите, стои во соопштението од МВР, ќе бидат предадени во Транзитниот центар Гевгелија за понатамошна постапка. 

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе