Вчера, во периодот од 12.00 до 20.00 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за брзина, во која вкупно биле откриени и законски санкционирани 120 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина, од кои 101 на поширокото тетовско и 19 на гостиварското подрачје, информира МВР.
Исто така, во текот на вчерашниот ден во овој период реализирана е и акциска контрола за управување возила под дејство на алкохол. Во оваа акција санкционирани биле четворица возачи од Тетово кои управувале возило со присуство на алкохол повеќе од дозволеното, констатирани се и 48 други видови прекршоци од кои најмногу управување без возачка дозвола, возачи-почетници како и друг вид на прекршоци.