Фатени крадци во Тетово

Тетовската полиција вчера околу пладне на улицата „Маршал Тито“ во Тетово, ги лишила од слобода А.М.(46) и Е.Ч.(46), двајцата од Косово, кои се сомничат дека непосредно пред тоа одзеле пари од Р.С.(71) од тетовски Пирок.

Како што информира МВР, двајцата биле задржани во Полициската станица Тетово, а парите биле пронајдени кај нив, одземени и ќе бидат вратени на сопственикот.

Со соодветен поднесок денеска тие ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе