Продолжуваат сообраќајните контроли

Фатени 43 возачи без возачка дозвола, 33 возила технички неисправни

Сообраќајната полиција само во текот на вчерашниот ден на територијата на Скопје открила дури 43 лица кои управувале моторно возило без возачка дозвола. Дури 33 возила биле технички неисправни.

За брзо возење казнети се 52 лица. Казнети се 67 лица поради непрописно паркирање, а 61 возило било кренато со „пајак". Поради неносење на заштитна маска во возилата казнети се 61 лице. Парична казна им е изречена на 23 пешаци. За време на сообраќајната контрола изречени се вкупно 448 санкции.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот", порачуваат од МВР.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе