Фатени 43 мигранти во товарно возило на патот С. Николе-Куманово

 На регионалниот пат Свети Николе - Куманово, вчера полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило „мерцедес“, со велешки регистарски ознаки. Возилото не застанало, а по кусо време сопрело и возачот почнал да бега, но веднаш бил фатен од полициските службеници. Во товарното возило биле пронајдени 43 мигранти, меѓу кои имало и деца, од Сирија, Пакистан и Авганистан.

Возачот М.Ј. (28) од Штип, бил приведен во полициска станица.

За настанот бил известен јавен обвинител, по чија наредба мигрантите се сместени во транзитниот центар „Винојуг“ Гевгелија, а против М.Ј ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе