Во Струмица

Фатена жената што огрби старица на улица

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против Е.Ѓ (21) од село Просениковопоради постоење основи на соменение за сторено кривично дело разбојништво.

На 21 ноември околу 21.37 часот, на ул. „24 Октомври„ во  Струмица, пријавената физички ја нападнала  Р.М. (80) од Струмица. Таа ја нападнала од позади грб и  ја турнала по што паднала на тротоарот, по што и одзела женска чанта и побегнала.  За време на настанот, оштетената викала и барала помош. 

Тоа го слушнале четири малолетници  кои се приближиле до оштетената и откога дознале за што се работи  веднаш почнале да трчаат по пријавената.  За кратко време пријавената влегла во такси возило, каде било оставено нејзиното бебе, со намера да замине. 

Едно од децата застанало пред возилото и му кажало на возачот дека жената украла чанта.  Тоа и  ја одзело чантата и ја вратило на Р.М.  Таа проверила и забележала дека и бил украден женски паричник во кој имала пари и лични документи. Во тој момент, Е.Ѓ. го зела бебето и избегала. 

Во нападот,  Р.М. се здобила со тешки телесни повреди и и била укажана медицинска помош, инфромираа од полицијата. 

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе

Сознанијата за степенот на местенки во судството неминовно го наметнува прашањето дали има местенки и во високото образование.

повеќе

Посебно на Балканот не може да се зборува за чисто етничко-конфесионални, етничко културни или строго етнички омеѓени заедници.

повеќе