Фатена организирана криминална банда, краделе шини за изградба на мост

Фатена е организирана криминална банда, која крадела шини за изградба на мост. Штипските полициски службеници од слобода лишиле четири лица, на возраст од 38 до 51 година, сите од Штип.

Портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова во писменото соопштение наведува дека околу 19.30 часот во атарот на  село Пенуш, со употреба на сила и погоден предмет лицата пресекле и одзеле шина која требало да се користи за изработка на мост.

Во интерес на истрагата не се открива дали материјалот е украден од мост кој во моментов се гради или, пак, станува збор за веќе изграден. Најден е и материјал, кој бил подготвен за транспорт. Шините биле примамливи за крадците, бидејќи е висока  цената на железото, кое се користи во градежништвото.

Од полицијата наведуваат дека се работи на комплетирање на случајот по што против крадците ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. 

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе