Фатен сторител на тешка кражба, дел од предметите вратени на сопственикот

Полициски службеници од СВР Велес вчера го лишиле од слобода велешанецот М.Д. (20), кој се сомничи дека сторил кривично дело „тешка кражба“.

М.Д. во периодот од 23.09.2022 до 25.09.2022 со употреба на алат влегол во куќа на улица „Стеван Богоев" во Велес, сопственост на Ш.Р. (82) од Петровец и одзел повеќе предмети.

Дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе