Фатен осомничен за нанесена телесна повреда

Полициски службеници од Единица за внатрешни работи Кисела Вода, отсек Потраги, врз основа на централна потерница, синоќа го лишиле од слобода Н.И.(27) од Македонски Брод, кој живеел во Скопје.

Според МВР, вчера во 19:20 час на булеварот „Борис Трајковски" во Скопје, полициски службеници од Единица за внатрешни работи Кисела Вода – отсек Потраги, врз основа на централна потерница, го лишиле од слобода Н.И.(27) од Македонски Брод, со место на живеење во Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело по член 130 од Кривичниот законик.

Лицето било предадено во Полициската станица Кисела Вода за натамошна постапка.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе