МВР

Фатен крадецот што ограби скопјанка во влез

Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против 35-годишниот Д.М. од Скопје, поради основи на сомнение дека извршил две кривични дела, едно разбојништво предвидено и казниво по член 237 од КЗ на РМ и едно кривично дело тешка кражба, предвидено и казниво по член 236 од КЗ на РМ, при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 38.000 денари.

Првото кривично дело Д.М. го извршил на 1 јануари околу 1.30 часот на улица „23 Октомври“, пред влез од зграда. Откако Д.М. дошол до наведената адреса и се уверил дека освен оштетената нема никој друг во близина, најпрвин и пришол од позади грб и со употреба на физичка сила ја турнал во влезот на зградата. Потоа почнал да ја удира со тупаници во пределот на главата, по што  оштетената паднала на подот, но Д.М. продолжил да ја удира со тупаници и и го земал ранецот кој оштетената го носела на грб. Во ранецот имало лични документи, еден мобилен телефон и еден пар слушалки.

Второто кривично дело, тешката кражба ,ја извршил истиот ден, односно околу 2.15 часот на булеварот “АВНОЈ“. Пријавениот откако дошол до паркирано возило, најпрвин со штрафцигер го скршил лептир стаклото од задната десна страна и од задното седиште успеал да одземе една машка јакна, по што го напуштил местото.

По преземените мерки и активности Д.М. е лоциран и приведен во полициската станица Аеродром. При извршениот службен разговор тој во целост го појаснил начинот, времето и мотивот на извршување на кривичните дела, соопшти МВР.

Албанците сакаат да се поврзат со Илирите, Бугарите со Траките, а според нашите политичари и гласните негатори само ние немаме такво право, а за тоа има најмногу доказателства во македонскиот јазик, но и во фолклорот, носиите, архитектурата, музиката...

повеќе

Мухамед Али Џина ѝ приговараше на соседната земја зошто се нарекува себеси Индија, а не Хиндустан.

повеќе

Откочувањето на политичките кризи со помош на форматот на лидерските средби не е најдобриот начин, но засега е најуспешниот за излез од повремената политичка кратковидост.

повеќе