СВР Скопје

Фатен крадец за кражби во возила

Полицијата уапси скопјанец, осомничен за кражби во два автомобили од каде украл документи и пари во вредност од 190.000 денари. МВР против Џ.Б.(54) од Скопје поднесе кривична пријава за две кражби,

Двете кривични дела пријавениот ги извршил на идентичен начин, искористувајќи го отсуството и невниманието на пријавителите, при што од две возила одземал чанта и паричник и со мотоцикл избегал од местото.

Кражбите ги извршил на 17 август, во времето од 10.50 до 11.10 часот, на улицата15-ти Корпус во Скопје.

Во првиот случај крадецот провалил во камион „рено“ и украл чанта во која имало паричник со лични документи, 300 евра и околу 6.000 денари.

Втората кражба ја извршил во автомобил „мазда“ од каде што украл паричник со лични документи, околу 400 долари, 450 евра, 30 швајцарски франци, 350 албански леки и 58.000 денари. Крадецот бил приведен на 30 август.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе