Фатен крадец по гаражи во Скопје

Полициски службеници од СВР Скопје вчера лишиле од слобода 36-годишен крадец осомничен за кражба по гаражи. Украдените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Вчера во 20:45 часот на ул.„Мито Хаџивасилев Јасмин" во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода скопјанецот С.Л.(36). Тој се сомничи дека претходно, со употреба на подесен алат, влегол во подземни гаражи на бул.„Свети Кирил и Методиј" и одзел повеќе предмети. Украдените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а во службен разговор со полициски службеници С.Л. го признал делото, се вели во соопштението.

Од МВР информираат дека крадецот бил баран по телеграма распишана од ЕВР Аеродром и Драчево, поради сомнение за извршена „тешка кражба" во обид на 27.02.2022 на ул.„Бојмија" во Скопје.

По целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе