Фатен крадец на возило, автомобилот вратен на сопственикот
Полициски службеници од ОВР Прилеп, вчера на ул.„Орде Тутески" во Прилеп, го лишиле од слобода прилепчанецот К.Ш.(29). Како што информираат од МВР, тој бил фатен веднаш по извршување „тешка кражба" од возило „опел астра", сопственост на Г.М.(46) од Прилеп, паркирано на ул.„Илија Василески", при што одзел повеќе предмети.
Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.