Фатен бегалец од затвор

Полициски службеници вчера, во 17.45 часот, на граничен премин „Долно Блаце“, го уапсиле Т.М (26) од скопско Кондово, при обид илегално да премине во Косово.

„При проверка било констатирано дека е евидентиран во службена евиденција како лице по кое е распишана потрага од СВР Скопје за доиздржување казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор Идризово“, информираат од МВР.

Лицето е предадено на полициски службеници од Полициско одделение Мирковци, по што било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе