Фалсификувал исправа за да може градежна компанија да учествува на тендер

Скопската полиција поднесе кривична пријава против Г.Ц. (53) од Скопје поради постоење основи на сомнвање за сторено кривично дело „фалсификување исправа".

Пријавениот, во својство на управител на правно лице од Скопје, во текот на април 2019 година изготвил лажна лиценца Б – за изведувач на градби од втора категорија со важност од 6 август 2012 година до 6 август 2019 година, како да е издадена од Министерството за транспорт и врски.

МВР соопшти дека на 23 април ја искористил како вистинска и ја употребил на Електронскиот систем за јавни набавки како прилог кон тендерска документација со понуда поднесена од неговото правно лице, а врз основа на оглас за спроведување на отворена постапка за јавна набавка на Министерството за одбрана за доделување на договор за вршење на работни активности во врска со оспособување на надворешни разводи за греење во објекти на Министерството за одбрана и Армијата.

Откако до Министерството за одбрана стигнале индиции дека фирмата прикачила фалсификувана лиценца, Министерството за одбрана побарало информација од Министерството за транспорт и врски и по добиена информација дека на тој правен субјект не му е доделена лиценца, Министерството за одбрана до Јавното обвинителство поднело кривична пријава против правниот субјект.

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе

Перењето пари преку трансакции со недвижнини ги интегрира црните фондови во економијата, притоа обезбедувајќи сигурна инвестиција.

повеќе