Експлозија во Чаир, изгореа три автомобили

МВР информираше деа синоќа во околу 04:15 часот во СВР Скопје, 29-годишниот Ф.С. од Скопје пријавил дека слушнал експлозија, по што забележал дека пред зграда на подрачјето на Чаир настанал пожар во неговото патничко возило фиат пунто, со скопски регистарски ознаки.

Од пожарот биле зафатени и патничко возило цитроен, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.Т.(50) од Скопје и патничко возило шкода октавија, со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.Р.(38) од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна бригада Скопје.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе