МВР

Едно загинато лице во сообраќајка во Скопје

Eдно лице загинало во една од вкупно две сообраќајки што се случиле изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје. Во другата сообраќајка полесно е повредено едно лице.

Според дневниот извештај на СВР Скопје, изминатото деноноќие се санкционирани 54 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, а од сообраќај се исклучени 21 возач пред да се стекнат со правото на управување моторно возило и шест возачи почетници. Сообраќајната полиција исклучила од сообраќај и 15 нерегистрирани возила и едно технички неисправно возило.

За користење мобилен телефон сакционирани се 32 возачи, а за неносење сигурносен појас 17 возачи. Санкционирани се и осум возачи за неправилно престројување, како и тројца возачи кои не дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин. Евидентирани се и тројца возачи на мотор, мопед или мотоцикл поради тоа што не носеле заштитен шлем.

Од СВР Скопје информираат дека денеска ќе се реализираат едукативни работилници во СУГС „Сарај“, а во текот на вчерашниот ден во Кисела Вода е спроведена сообраќајна поука за граѓани кои направиле различни прекршоци во својство на возачи.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе