Едно лице загина во судир на автомобил и камион

Возач на автомобил загина утрово во сообраќајна несреќа што се случила на патот Кичево - Гостивар, а неговата сопатичка е тешко повредена. 

Фото: Архива

СВР Охрид соопшти дека несреќата се случила утрово во 6.35 часот кај „Тајмишка раскрсница" меѓу товарно возило „ман", со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(56) од Гостивар и патничко возило „хјундаи", со скопски регистарски ознаки.

„На местото на несреќата починал возачот на автомобилот, смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Кичево и се работи на утврдување на идентитетот на лицето. Со тешки телесни повреди се здобила Р.К.(42) од Скопје, сопатничка во истото возило, констатирани во Ургентниот центар во Скопје“, пишува во информацијата.

Увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи.

Легенда под Главна слика

Фото: Архива

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе