Едно лице загина во сообраќајка во Ѓорче Петров

Педесет и петгодишен маж загина, а 28-годишна жена е повредена вчера, кога автомобилот со кој патувале излетал од коловозот на улица „Ѓорче Петров" во Скопје, информира МВР.

Несреќата се случила вчера околу 15.30 часот, кога патничко моторно возило „пежо 206“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 55-годишниот скопјанец С.Д.Г., излетало од коловозот.

Од доктор од екипа од итна медицинска помош констатирана е смрт кај С.Д.Г., а со телесни повреди се здобила сопатничката М.Г. (28) од Скопје, на која ѝ е укажана лекарска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот изврши увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител по чија наредба телото на загинатиот е дадено на обдукција.

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе