Едно лице загина во сообраќајка на патот Гостивар – Кичево

76-годишна жена од Скопје го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи утрово на магистралниот пат Гостивар – Кичево.

Според СВР Тетово, несреќата се случила околу 9.30 часот во близина на новоселскиот мост и во неа учествувале возило „опел астра” со скопски регистарски ознаки со кое управувал А.Б. (20), како и „фиат типо” со прилепски ознаки што го управувал 47-годишниот М.Д. од Прилеп.

Во сударот со тешки повреди се задобиле Т.Н. (76)  од Скопје, сопатничка во „астрата” која набрзо починала на самото место и совозачот во „фиатот” Д.С. (52). Возачите поминале со полесни повреди.

Извршен е увид и се работи на утврдување на причините и околностите кои довеле до несреќата.

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе