Едно лице загина во сообраќајка меѓу комби и автобус на патот Велес-Штип

Едно лице загина, а повеќемина се повредени во тешката  сообраќајна несреќа што се случила вечерва околу 20:20 часот на магистралниот пат Велес – Штип кај приклучокот за Ново Село при директен судар меѓу комби и автобус.

Од СВР Велес потврдија дека има еден загинат, а повредените со возила на брза помош се пренесуваат во Општата болница во Велес.

Во моментот на несреќата 15 патници биле во автобусот кој се движел во правец кон Штип. Неофицијално  автобусот имал кратовски регистарски таблички, а патниците оделе на одмор во Бугарија.

Со автобусот директно се судрило товарно комби со скопски ознаки. Загинатиот е возачот на комбито во кое немало други патници. 

На местото на настанот имаат и екипи од противпожарната единица кои ги извлекуваат повредените од автобусот. Полицијата врши увид на местото на настанот.

 

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе