МВР билтен

Едно лице загина во сообраќајка кај Струмица

33-годишен маж од струмичкото село Моноспитово починал по повредите, додека две други лица се повредени во сообраќајна несреќа. 

На 19.01.2020 во 17.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека кај крстосницата „Габровски водопади“ во близина на село Габрово, струмичко, В.М.(38) од с.Моноспитово, струмичко, управувајќи патничко возило „бмв“, со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од надвор од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Д.Д.(33) од село Моноспитово, по што бил пренесен во Медицинскиот центар Струмица, каде починал.

Со телесни повреди се здобил возачот и уште двајца сопатници, М.Г.(36) и С.С.(35), двајцата од село Моноспитово, кои биле пренесени во Медицинскиот центар Струмица за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Струмица.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе