Едно лице загина, а тројца се повредени во сообраќајка кај скопската обиколница

Едно лице загина, а тројца се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево на скопската обиколница во која учествувале патничко и полициско возило и камион.

Според првичните информации од МВР, во несреќата загинал совозачот во бмв-то, а повредени се возачот и двајца полициски службеници.

Несреќата се случила во моментот кога полицаец, кој вршел редовна контрола на брзината на движење на возилата, го запрел автомобилот бмв.

Додека запирал во него удрил камнион „ман", а од ударот автомобилот удрил во полициско возило „шкода јети", наведуваат од МВР. 

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе