Едно лице загина, а 18 се повредени во вчерашната тешка сообраќајка кај Штип

Дваесет и деветгодишниот возач на товарното комби „крафтер фолксваген" од Скопје загинал на местото на сообраќајната несреќа синоќа кога директно се удрил со патничкиот автобус со кратовски регистратски таблички. Возачот на автобусот, 37-годишниот М.К. од Куманово, добил тешки телесни повреди. На 18 патници им била укажана лекарска помош во велешката болница, а четворица, покрај тешко повредениот возач, се задржани во болницата. Несреќата се случи околу 19.50 часот на магистралниот пат Велес – Штип пред клучката за Ново Село.

Тешко повредениот  возач бил приклештен во автобусот од каде што бил извлечен со помош на  екипа пожарникари и по укажаната прва медицинска помош бил пренесен во велешката Општа болница, информираат за МИА од Територијалната противпожарна единица од Велес  кои  ги ваделе повредените патници во автобусот.

Загинатиот од уништеното товарно комби, кое целосно било сплескано од ударот, пожарникарите го ваделе час и половина, по што телото било предадено за обдукција по наредба на јавен обвинител кој вршеше увид со полицијата.

 Ортопедот  д-р Љупчо Леов од Хирушкото одделение во велешката болница доцна синоќа информираше за медиумите дека на тешко повредениот возач на автобусот му е направена компјутерска   томографија и   се очекуваат резултатите од снимките.

„Останатите 18 повредени од автобусот се здобиле со полесни телесни повреди – исченици и рани  по лицето и телото  и веднаш беа  медицински третирани  и  зашиени, а некои имаа   и полесни нагмечувања по телото и екстремитетите. Тие  по укажаната лекарска помош беа испратени на домашно лекување, а само четворица од нив ги задржавме во болницата на посматрање“, појасни др Леов.

Повредените биле семејства со деца и патувале на одмор за Бугарија. Имало патници  од Кичево, Гостивар и Велес. Патник од автобусот ни изјави дека патувале кон Штип,  каде што  требало да се префрлат во друг автобус за да го продолжат патот кон Бугарија.

Како што информира за МИА д-р Страхил Тодоров од Службата за итна медицинска помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес, тие за сообраќајката биле информирани во 19.55 часот, а на местото на несреќата пристигнале за осум минути со две амбулантни комбиња и две медицински екипи со двајца лекари. Тој рече дека кога стигнале на местото на несреќата виделе  дека сосема десно од патот било излетано товарно комби и автобусот  неколку метри понатаму.

„Ние на местото на несреќата затекнавме едно лице – возачот на автобусот со тешки телесни повреди, а возачот на товарното комбе беше починат на лице место. На тешко повредениот, кој пожарникарите го извлекоа од приклештениот автобус, и на останатите шест повредени патници од автобусот, кои беа со лесни телесни повреди, им укажавме прва медицинска помош, а потоа со нашите две амбулантни комбиња итно ги однесовме на понатамошно лекување во Ургентниот центар при ЈЗУ Општа болница Велес“, појасни д-р Тодоров.

Од седумтемина повредени што ги превезле со брза помош, петмина биле мажи и две жени на различна возраст, а немало деца. Останатите 12 полесно повредени патници во Општата болница во Велес на преглед во болницата од местото на несреќата биле однесени со автомобили.

Полицијата работи на утврдување на причините на сообраќајната несреќа. Од СВР Велес дополнително се очекуваат повеќе информации.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе