Во тетовско

Едно лице под истрага за поседување оружје

Oсновното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Осомничениот, 68-годишен жител на село Церово, општина Желино, на 11-ти октомври во семејната куќа држел оружје и муниција од поголемо количество кои на граѓаните им се забранети. При извршен претрес во домот на осомничениот пронајдени се 15 куршуми калибар 7,62 мм долго зрно, 11 патрони ловна муниција калибар 12 мм, 2 патрона ловна муниција 16 мм и ловна пушка „Бокерица“ калибар 12 мм без фабрички број.

Надлежниот јавен обвинител ценејќи дека се исполнети законските основи, до судијата на претходна постапка од Основниот суд Тетово достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице . Судот на осомничениот му определи куќен притвор во траење од 30 дена.

 
 

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе