ОЈО Скопје бара притвор

Скопјанец осомничен за убиство во обид и напад на полицаец

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, поради постоење основано сомнение дека тој ги сторил кривичните дела – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) и Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Триесетичетиригодишниот жител на село Горно Коњаре на 3 април со умисла се обидел да лиши од живот едно лице со кое претходно имале кратка вербална расправија. По расправијата, осомничениот отишол во неговиот дом од каде зел нож и го прободел оштетениот во пределот на слабината, нанесувајќи му тешки телесни повреди од животозагрозувачки карактер.

Околу половина час подоцна, осомничениот сериозно се заканил дека ќе ги нападне четворицата полициски службеници кои постапувале по наредба да го лишат од слобода заради претходно стореното кривично дело. Кога полициските службеници дошле во неговиот дом, тој излегол на вратата, повторно држејќи нож во рацете. Еден од полициските службеници му наредил да го фрли ножот, но осомничениот одбил да го стори тоа и им се заканил.

Полициските службеници се повлекле во дворот и застанале во близина на службеното полициско возило, а осомничениот започнал да им се приближувасо крената рака во која го држел ножот. Во тој момент, еден од полициските службеници му се приближил на осомничениот и со употреба на средства за присилба му ја фатил раката, ножот паднал на земјата и осомниченото лице било лишено од слобода.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, бидејќи постојат околности кои укажуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство, да влијае врз сведоците или вештаците, како и дека ќе го повтори кривичното дело или ќе го доврши обиденото кривично дело.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе