МВР билтен

Едно лице е тешко повредено во сообраќајка кај Куманово

Едно лице е тешко повредено во сообраќајка на автопатот Куманово - село Табановце, кај село Долно Конјаре. 

 Вчера во 17.00 часот било пријавено дека на автопатот Куманово - село Табановце, кај село Долно Конјаре, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Х.Е.(53) од с.Ваксинце и патничко возило „дачија логан“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(23) од с.Табановце, кумановско.
Притоа, возилото „мерцедес“ удрило и во паркирано товарно возило „фиат дукато“ со кумановски регистарски ознаки, сопрено од С.С.(45) од село Оризаре, општина Липково и паркирано патничко возило „форд галакси“, со кумановски регистарски ознаки, сопрено од И.Р.(45) од село Черкези, кумановско и во И.Р., кој бил до возилото. Во незгодата И.Р. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во општата болница во Куманово за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово. 

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе