Една жена загина, друга е повредена кога се превртел автомобил кај Прилеп

Утрово во Полициска станица Прилеп било пријавено дека на пат за с.Селце, Прилепско, има превртено патничко моторно возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, претходно управувано од Е.С.(21) од Прилеп, која починала на местото на настанот, а тешки телесни повреди добила С.А. (21) од Прилеп.

Повредената со возило на итна медицинска помош била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од Полициска станица Прилеп.

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе