Еден загинат и тројца повредени во сообраќајка на патот Маврови Анови-Дебар

Едно лице загина, а тројца се повредени во сообраќајна несреќа која вчера околу 15:50 часот се случи на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, во близина на Ростушки мост.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски истакна дека во несреќата учествувале автомобил хјундаи акцент со скопски регистарски ознаки управуван од 68-годишниот А.Ѓ. од Скопје и товарно возило влекач ман со приколка со српски национални ознаки, управувано од 52-годишниот Љ.Д. од Панчево.

„Во несреќата возачот на патничкото возило починал на самото место, а тројцата сопатници од истото возило М.Р.(26), Ј.Т.(30) и Г.Т.(34) биле пренесени во Скопје за укажување на лекарска помош“, информира Јосифоски.

На местото на несреќата увид извршиле Јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. Возачот на товарното возило е приведен во Полициската станица Гостивар.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе