Еден загинат и петмина повредени во сообраќајката на патот Куманово-Крива Паланка

Едно лице почина, а петмина се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи денеска во 14.15 часот на регионалниот пат Куманово-Крива Паланка кај селото Облавце, потврди полицијата.

Несреќата се случила помеѓу три возила, товарно моторно возило, „Џип Гранд" со бугарски регистарски ознаки, управуван од 27 годишниот Ф.А од Куманово и автомобил „Алфа Ромео". Во несреќата починал возачот на џипот Ф.А, а пет лица се повредени и однесени во кумановската општа болница, информираше МВР.

„Повредените не се во животна опасност, имаат повреди на екстремитети и посекотини на лицето. Едниот од нив е однесен на опсервација на рентген дијагностика. Сите се задржани во кумановската болница“, изјави директорката на болницата, Снежана Захариева.

На местото на несреќата биле и две амбулантни возила од кумановската Итна помош, како и три противпожарни возила од противпожарните единици на Куманово и Старо Нагоричане.

 

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе