Како што објави МИА, во несреќата тешко биле повредени двајцата возачи, а според изјави од Итната медицинска помош, едниот починал на пат кон болница, а другиот е хисптализиран во Клиничкиот центар во Скопје.
Во извлекување на повредените од возилата учествувала екипа на Територијалната противпожарна единица, а делчевската полиција извршила увид на местото на несреќата и притоа сообраќајот бил во прекин околу еден час.
Дополнителни информации се најавени за во текот на денов. Учесниците во несреќата се жители на општина Македонска Каменица.
Според информации на полицијата, синоќа имало уште една несреќа на патниот правец Делчево – Македонска Каменица кај месноста Боришјето, каде што возило излетало од патот.