Еден загинат и четворица повредени во железничка несреќа во велешко

Едно лице загина и четворица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи попладнето меѓу патничко моторно возило и товарен воз на обележан премин меѓу железничката станица Згрополци и Градско.

Од Службата за Итна медицинска помош при Здравствениот дом Велес за МИА информираа дека е починато 24-годишно момче, а една жена со потешки повреди е пренесена на клиниките во Скопје. Останатите тројца се згрижени во Велешката болница. 

Несреќата се случила во 12:10 часот кога возилото марка „форд галакси" со велешки таблички без да ја почитува сигнализацијата навлегло на пругата. 

„На патниот правец обезбеден со звучни и светлосни сигнали кои биле исправни, патничко моторно возило без да ја почитува сигнализацијата, навлегло во профилот на пругата и било удрено од товарен воз на патен правец кај селото Ногаевци, Градско“, велат од Македонски железници – Транспорт.

Од МВР информираат дека железничкиот сообраќај на тој дел од пругата е во прекин се до завршување на увидот. 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе