Еден загинат и 16 повредени во двете тешки сообраќајки на патот Штип-Радовиш

На лице место загинал 42 годишен маж од Кочани во тешката сообраќајна несреќа, која се случи синоќа во 21.30 часот на патот Штип-Радовиш, кај патоказот за село Љуботен.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека во оваа несреќа во која учествувале три возила, од кои две од Кочани и едно од Радовиш, со тешки телесни повреди се здобил и возачот на „опел корса", а двајцата сопатници од истото возило се со телесни повреди.

Вкупниот биланс на повредени од двете сообраќајни несреќи во Штип изнесува 16 лица, од кои 11 се мигранти.

Сообраќајката се случи вчера во близина на селото Лакавица на истиот регионален пат Штип-Радовиш, во која учествуваа две возила „мерцедес", а во едното од нив се превезувале мигрантите, додека возачот избегал од местото на несреќата.

На болничко лекување се 12 лица, а останатите четворица се на домашно лекување.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе