Еден загинат и 12 повредени мигранти во сообраќајката кај Д.Капија

Вчера на автопатот Демир Капија- Неготино се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген фејтон" со скопски регистарски ознаки, товарно моторно возило со приколка марка „сканија" со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Љ.Д. (61) од Кавадарци и патничко моторно возило марка „aдрија Матрикс" со српски национални ознаки, управувано од С.Ч. (52) од Република Србија. По незгодата возачот на „фолксваген фејтон ", во кое се превезувале 13 лица-мигранти (10 од Пакистан и три од Бангладеш) избегал.

Едно 20 - годишно лице од Бангладеш починало, додека четири лица-мигранти се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје, а осуммина од мигрантите се здобиле со телесни повреди и им била укажана помош во болницата во Кавадарци.

Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и екипа од полициската станица Неготино и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

По наредба на јавен обвинител  телото на починатиот е дадено на обдукција.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе