Едно 20 - годишно лице од Бангладеш починало, додека четири лица-мигранти се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје, а осуммина од мигрантите се здобиле со телесни повреди и им била укажана помош во болницата во Кавадарци.
Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и екипа од полициската станица Неготино и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.