Еден загинат, двајца тешко повредени во сообраќајка на патот Гостивар-Кичево

Едно лице загина, а двајца се повредени во тешка сообраќајна несреќа која синоќа се случила на патот Гостива – Кичево. 54-годишниот М.С. загубил контрола над возилото и излетал од патот. На местото на незгодата увид извршиле Јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар. По наредба на Јавен обвинител телото на М.С. е предадено за обдукција.

Синоќа во 00.10 часот, на магистралниот пат Гостивар - Кичево, во близина на Новоселски мост, патничко возило „бмв", со швајцарски национални ознаки, управувано од М.С. (54) од Кичево, излетало од коловозот. Во несреќата, М.С. починал на самото место, смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а сопатниците Н.С.(52) и Ќ.А.(52), исто така од Кичево се здобиле со повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад", појаснуваат од МВР.

 

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе