ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО ВЕЛЕС

Еден загина, двајца се повредени

Едно лице загина, а двајца се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер на автопатот Велес-Градско. Несреќата се случила околу 23 часот кога на автопатот се судриле два автомобили „Мазда 626“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.З. (19) од Велес и патничко возило „Цитроен АХ“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на В.А. од Куманово, а управувано од непознато  лице.

Како што информираат од полицијата, според пронајдената лична карта во возилото, можно е да се работи за Б.С. (42) од с.Псача, кривопаланечко. Во незгодата од здобиените повреди на местото починал возачот на возилото „Цитроен АХ“. Смрт е констатирана од страна на лекар од Здравствен дом Велес.  Со телесни повреди се здобиле сопатниците од возилото „Мазда 626“ С.З. (46) и еден 16-годишник, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Општа болница Велес, а по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршиле jавен обвинител и екипа од СВР Велес.

По наредба на jавен обвинител на телото на починатиот ќе се врши обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.  

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе