Еден тешко повреден во судир на кола и мотор во Прилеп

Едно лице е потешко повредено во сообраќајната незгода што се случила вчера во Прилеп меѓу автомобил „рено“ и мотор, соопшти МВР.

„На 12.07.2021 во 08.20 часот било пријавено дека во Прилеп на ул.‘Гоце Делчев‘ се случила сообраќајна незгода помеѓу велосипед со мотор, управуван од Љ.Н.(74) од Прилеп и патничко возило ‘рено лагуна‘, со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(35) од Кадино село, прилепско. Во незгодата Љ.Н. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Прилеп“, се наведува во полицискиот билтен.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полциската станица Прилеп.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе