Еден починат и двајца тешко повредени во сообраќајка на патот Кичево-Гостивар

Во утринските часови на 29 април во полиција било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, се случила сообраќајна незгода во која има и една жртва и двајца тешко повредени.

Како што информираат од МВР, сообраќајката се случила на влезот во селото Зајас, а во неа учествувале фолксваген голф, со кичевски регистарации, управуван од 22-годишник од селото Србица, автомобил сеат алхамбра, со кичевска регистрација управуван од 63-годишник од Кичево и форд ескорт, со охридски таблички, управуван од 23-годишник од селото Горно Строгомиште.

Во незгодата, починал 54-годишник од Горно Строгомиште, сопатник во фордот. Со тешки повреди се здобиле возачите на возилата форд и сеат, по што биле пренесени во Медицинскиот центар Кичево за укажување на лекарска помош.

На местото бил извршен увид од екипа од Полициската станица Кичево, во присуство на Јавен обвинител.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе