Во Скопје

Еден пешак потешко повреден во сообраќајка

Еден пешак се здобил со тешки телесни повреди, а пет лица со лесни телесни повреди во шест од вкупно 10 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во четири сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Од сообраќај, според податоците на СВР Скопје,  полицијата исклучила осум возачи пред да се стекнат со право на управување на моторни возила и шест нерегистрирани возила.

За непрописно паркирање е издадена една казна, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 92 возила.

Казнети се и еден пешак кој поминал коловоз на црвено светло, четири возачи кои поминале крстосница на црвено светло и еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин. сст

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе